И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕго одбија условот на ДУИ. откако синоќа Артан Груби порача дека услов за кого ќе ги дадат нивните гласови во вториот круг претседателски избори, е следниот избор на претседател да се изврши во Собранието, денеска добија црвен картон и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ.
„Претседателот треба да се избира од граѓаните“, повторија денеска од Бихаќка.
„Не ја прифаќаме уцената на Артан Груби“, му порачаа и од ВМРО ДПМНЕ.
И штабот на Пендаровски утрово во писмено соопштение се произнесе дека не го прифаќа условот на ДУИ.
Од ВМРО-ДПМНЕ овој услов на ДУИ го нарекоа уцена на Груби, а дополнително, Мицкоски порача дека со условот Артан Груби го пуштил Османи низ вода, признавајќи дека нема шанси да влезе во вториот круг.