Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања.
Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.
Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.
Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен.
Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде.
СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија.
Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.
Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден.
Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.
Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.
Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.
Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.
За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:
Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.
Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози.
На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете.