„Владата предводена од СДСМ е заслужна што Македонија стана рамноправна членка на НАТО, а ефектите од тоа ги чувствуваме денес, колкаво значење има членството во НАТО во ова време. СДСМ заедно со вас, граѓаните, ќе ја внесе земјата и во Европската Унија. И од тоа не се откажуваме! Тогаш кога ќе се случи, бидете уверени дека ќе го направи претседател на СДСМ и претседател на влада од СДСМ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.
Тој додаде дека се свесни за казната во првиот круг од претседателските избори и дека го разбира револтот на дел од граѓаните поради политиките, одлукитеи кадровските решенија.
„Но, грешките ги прифативме, лекцијата ја научивме и ја извлековме поуката од критиките, затоа во иднина, пристапот ќе биде многу повнимателен. Ќе се соочиме со проблемите и со посветена и искрена работа, ќе работиме на решавање на состојбите. СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните и во мирни услови и во тешки времиња, во добро и во лошо, никогаш не сме се откажале од Македонија во која владеат социјал-демократските принципи на еднаквост, солидарност и инклузивност“ рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека тој и неговата партија никогаш не бегаат од тешките одлуки, туку напротив, ги носи и сите тие тешки одлуки донесени од СДСМ се покажале како исправни и вистинскки на долг рок.