Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека му истекол мандатот, поради што на крајот на месецот ќе ја напушти функцијата и посочи дека е лажна вест дека е сменет.
Новинарите на Телеграф присуствуваа на брифингот на кој говореше американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
„Во текот на викендот наводен новинар пишуваше за моето разрешување и поврзаноста со српската влада и сакам да кажам дека сѐ во тие написи е лага. Сопругата не добиваше пари од ниту една странска влада. Во секоја амбасада каде што работев во Боливија, Португалија, Италија и Србија, таа контактираше со луѓе без никакво плаќање“, рече Ескобар на онлајн прес-конференцијата.
Како што рече, лажно е и тврдењето дека изворот за ова е од Конгресот, кој наведува дека Конгресот не одлучува за неговото именување.
„Оваа вест се појави набргу откако комуницирав со владата во Приштина. Ова е вид на дезинформација што едноставно не е точна. Благодарен сум за поддршката што ми ја дадоа Стејт департментот, лидерите и новинарите со кои работев. “ изјави Ескобар.