Илија Димовски во гостување на тв емисија, јасно ги кажа границите кои според него ги премнале ДУИ и Али Ахмети.
„ДУИ требаше да размислува, кога беше стимуланс на одредени процеси во Македонија кои ги подбутнуваше, а некои и ги водеше така што го исклучи македонскиот народ, тие одлучуваа за мене. Некои од нас и ги знаат релациите на ДУИ со грчката држава, со бугарската држава, при креирање на одредени политики. Јас се чувствувам разочаран од тоа што дел од албанските политичари си поиграа на две нивоа со македонскиот народ. Првото на ниво дека преговараа лично сами, без легитимитет за македонски прашања, второ, манипулираа пред Македонците со тоа! Мене не ми треба Али Ахмети да ми каже дека он ми го гарантирал и немал проблем со македонскиот идентитет, јазик и тоа. Но имам проблем ако Али Ахмети оди без знаење на македонската држава во некој друг град и преговара за македонското име, јазик, идентитет итн.“ рече тој.