Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин поради поплавите што ја погодија Германија, соопшти компанијата Дојче бан.
Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите несуштински патувања.
Во југозападниот округ Шварцвалд-Баар активни се неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку лица се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри.
Во околината на Штутгарт, во окрузите Ремс-Мур и Лудвигсбург, поради поплави затворени се градинките и училиштата.
Пожарникар загина во ноќта меѓу саботата и неделата за време на спасувачка операција поради поплавите во градот Фафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија, кога се превртел чамецот во кој се наоѓал со тројца колеги.