Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во денешното издание на „Дејли Клик“ на ТВ21, кажа дека нема да биде дел од извршната власт, туку ќе остане во законодовната власт, односно ќе остане да биде пратеник, а нема намера да биде министер.
„Јас како политичар, но и како родител, има доволни обврски во Собранието и во семејството, и да можам да одговорам, и на политички и на родителските, најдобро е за мене да продолжам да бидам пратеник, а на сите кои ќе бидат во извршната власт, и да ги охрабрам да работат во интерес на граѓаните“, рече Милошоски.