Изет Меџити од коалицијата Вреди рече дека на владина го праша дали ќе се занимава со казината. Уште во преговорите за формирање на влада, зборувавме за Лотарија на Македонија.

– Се боревме против таа девијација во општеството и зошто Македонија прерасна во Лас Вегас, правиме конкретни чекори. Првиот чекор е тоа, а вториот ќе се разгледаат незаконски донесените одлуки потпишани од Груби и мислам дека штом се констатира тоа, тие ќе се поништат. Ќе бараме да се средат работите во тој сектор, бидејќи досега, зеле лиценца, платил една лиценца, а отвориле 10-15 казина во центарот. Лотарија на Македонија не спориме дека постои како прертпријатие, но тука се водеше на незаконски начин со коруптивни зделки. Штом се констатираат дека се незаконски донесени одлуките на владина седница, без позитивно мислење од законодавната правна комисија, тоа е основа за отварање на истрага. Тоа е работа на ЈО да реагира по допрен глас – рече Меџити.