За време на саемот во Мбуру, на 100 километри од главниот град на Сенегал, Дакар, овците Ладум се продаваат по цена од 90.000 долари.
Животното познато како „кралот на овците“ со години се продава по цени кои ги надминуваат цените на луксузните автомобили, а за населението во Сенегал оваа раса е „повеќе од овца“, пренесува Анадолија.
Висока 1,5 метри и тежок околу 170 килограми, ладум повеќе личи на мал коњ отколку на овца и се смета за знак на престиж во Западна Африка.
На саемот, пред големиот муслимански празник Курбан Бајрам, на купувачите им беа понудени овци од оваа раса со различни бои и карактеристики.
Ладум е создаден со мешање на две различни раси овци од Мавританија и Мали, а во речиси сите региони на Сенегал се одржуваат натпревари за избор на најубавиот „крал на овците“.