Пратеничката од редовите на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска денеска во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 откри дека ќе мора да се укине балансерот.
„Ќе мора да престанат партиските вработувања. Балансерот ќе мора да се укине, зошто? Затоа што балансерот стана антипот на својата првична замисла. Ако првичната замисла беше за застапеност и вработување на помалите политички заедници, сега гледаме дека секој го злоупотребува правото да се произјаснува, од етнички аспект, како сака. Зошто? Затоа што инструментите кои ги гарантираат слободите и правата на граѓанинот им обезбедуваат на секој едно утро да станат и да се чувствуваат како припадник на ромската, босанската, албанската или македонската заедница“, вели Бендевска.