Градоначалникот на Кавардци Митко Јанчев во изјава за ТВ 24 вели дека сепак, нема да биде кандидат за министер за локална самоуправа во идната Влада.
“Во меѓусебен договор и координација со мандатарот Христијан Мицкоски, а во интерес на партиските и на идните владини програми и визии, останувам да ја водам општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да ги подржувам сите активности, проекти и програми кои ќе донесат подобар стандард и кавалитет на живот“ – вели Јанчев за ТВ 24.