Европската унија не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност.
Европската унија не постигна договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност за влијанието на клаузулата врз подружниците и партнерите од трети земји врз германската економија, изјавија европски дипломати за Ројтерс.
Официјални лица од 27-те земји на ЕУ повеќе од еден месец дебатираат за пакетот санкции што вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас и план операторите на ЕУ да бидат одговорни за прекршување на санкциите од страна на филијали и партнери во трети земји.
Како дел од пакетот санкции, ЕУ, исто така, требаше да им забрани на бродовите кои придонесуваат во воените напори на Русија да влезат во нејзините пристаништа.
Амбасадорите на ЕУ синоќа требаше да разговараат и да одлучуваат за ова прашање, но темата за санкциите во последен момент беше повлечена од дневниот ред на состанокот. Следната средба на амбасадорите е закажана за в среда.
Унгарија наводно била подготвена да го прифати 14-тиот пакет санкции против Русија, наведува Ројтерс.