Турција и Грузија одиграа одличен натпревар со повеќе шанси и четири гола кои го доби фаворитот со 3-1.
За Грузијците ова беше деби на Европските првенства и не разочараа, се прикажаа во одлично светло и покрај поразот.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога една топка дојде до Мулдур, а тој со прекрасен волеј ја смести топката зад грбот на Мамардашвили.
Две минути подоцна Турција повторно се израдува на гол, но погодокот на Јилдиз беше опоништен со ВАР поради минимален офсајд.
Во 32. минута Грузија изедначи на 1-1, Микаутадзе беше стрелец на првиот гол за оваа земја на Европските првенства.
Клучниот гол се случи во 65. минута кога Арда Ѓулер постигна фантастичен погодок со удар од далечина за триумф на Турција од 2-1.
Во 96. минута и голманот Мамардашвили се пресели во шеснаесетникот на Турција, Грузија имаше неверојатна шанса за израмнување, ја погодија стативата.
А потоа од брза контра Турците погодија на празен гол преку Актуркоглу и ги поставија конечните 3-1.