Во вечерашниот натпревар на ЕУРО 2024, Португалија тргна офанзивно уште од самиот старт на натпреварот, но Чешка одлично се бранеше, а португалските фудбалери се мачеа за да создадат чисти прилики иако постојано ја имаа топката во нозете.
Слично беше и во второто полувреме. Резултатот го отвори Провод во 62. минута кога по еден противнапад на Чешка постигна одличен гол за водство на неговата репрезентација од 1-0.
Само седум минути подоцна Чешка си постигна автогол преку Хранац за израмнување на 1-1.
Португалија со сите сили атакуваше кон голот на Чешка, во 87. минута се израдуваа на гол кој го постигна Диого Жота, но погодокот беше поништен поради офсајд од Роналдо.
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез направи измени во 90. минута кои го решија натпреварот, Нето беше асистент, а младиот Консеисасо стрелец на гол за победа над Чешка од 2-1.