Германската влада одобри денеска речиси две милијарди евра помош за градовите во државата во рамки на борба за почист воздух. Тоа беше соопштено по состанок во Берлин меѓу претставници на владата, градските власти и автомобилската индустрија.
– Буџетот за „Итната програма за почист воздух“ со сегашните милијарда евра би требало да биде зголемен на 1,5 милијарди, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот.
Владата обезбеди и дополнителни 432 милиона евра што треба да се потрошат за филтри во возила во јавни служби и за набавка на електрични автобуси. На состанокот кај Меркел денеска главна тема беше проектот „Итна програма за чист воздух“ со кој владата поддржува градови и општини соочени со забрана за употреба на дизел возила.