РУСКО МО: САД сносат „одговорност“ за нападот на Украина на Крим

/ 23.06.2024

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека Вашингтон ја сноси одговорноста за смртоносниот напад врз Крим, анектиран од Москва од страна на Украина, во кој според нив се користени американски ракети.

„Одговорноста за намерен ракетен напад врз цивилните жители на Севастопол ја носи првенствено Вашингтон, кој го испорача тоа оружје на Украина“, објави Министерството на Телеграм.

Тие нагласија дека во напдаот Украина користела ракети АТАКМС.


Од истата категорија