Годишната стапка на инфлација во Турција се намали на 71,6 отсто во јуни, покажуваат денеска објавените податоци на Турскиот статистички институт (Туркстат).
Според Туркстат, месечната инфлација на потрошувачките цени во јуни изнесувала 1,64 отсто, т.е. под очекувањата и е пониска од 3,37 отсто во мај. Годишната инфлација во мај изнесува 75,45 отсто.
Стапката на инфлацијата во земјата се очекува да се намали на 42,6 отсто на крајот на годинава.
Турскиот министер за финансии и трезор Мехмет Шимшек неодамна изјави дека инфлацијата го достигнала врвот во мај пред да влезе во дезинфлациски курс.
Фото: МИА архива