Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата била однапред информирана за заминувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чиј член е Унгарија, пренесуваат светските агенции.
Орбан претходно денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со таа посета ја продолжува мировната мисија, откако неодамна го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Фото: МИА архива