Демократската унија за интеграција излезе со соопштение по денешнаа дебата за Законот за игри на среќа.

„Една од програмските определби на Демократската унија за интеграција е целосно затворање на сите објекти за организација на игри на среќа, казина и обложувалници во земјата.

Во минатиот мандат ДУИ и Владата предложија закон, кој беше поддржан и од здружението за анти коцкање, за оддалечување на казината и обложувалници на минимум 500 метри од училиштата и верските објекти, како и заострување на условите лиценците и зголемување на даноците за организаторите.

Овој закон не ги исполни во целост нашите и очекувањата на граѓаните, од причина што наша заложба од првиот ден е целосно затворање на казината и обложувалниците.

Законот беше блокиран речиси 3 години од тогашната опозиција, но конечно беше изгласан и одобрен од Собранието, без поддршка од пратениците кои сега се дел од ВЛЕН.

Тогаш поранешниот претседател Пендаровски не го потпиша законот.
При прегласувањето по враќањето на законот од страна на Пендаровски, пратениците кои денес се дел од ВЛЕН, не гласаа за усвојувсње на законот и овозможија продолжување на работата на казината и обложувалниците.

Овие вазали кои ги понижуваат Албанците водеа агресивна кампања со

континуирани клевети и во својата програма ветуваа целосно затворање на казината и кладилниците, а ние заедно со Алијансата за Албанците и другите пратеници, ги предизвикуваме, целосно да ги затвориме, засекогаш да ги забраниме игрите на среќа во нашата земја.

Пратениците на ДУИ и Европскиот фронт поддржуваат целосно и итно затворање на сите објекти за игри на среќа во земјата“, се вели во соопштението на Демократската унија за интеграција.

FacebookTwitter