Хрватската држава наскоро може да се соочи со масовни тужби на лекари поради грешки за време на исплата на плати.

Хрватските лекари може да покренат повеќе од 2.500 тужби со веќе постоечки 3.000 против своите работодавачи односно болници во кои работат.

Станува збор за тужби поради погрешно исплатени плати поради кои на лекарите секој месец „им кинеле“ дел од примањата.

Според некои пресметки, месечно лекарите биле покуси за износи од 500 до повеќе од 1.500 куни (200 евра) бидејќи прекувременото им се плаќало помалку и не им се признавале стручниоста и примањата врз основа на функција, објави Јутарњи лист.