Како се сети ДУИ денес по 22 години какво би било територијалното решение, соодветно за Македонија? ДУИ пропаѓа и во опозиција.
Ова е рекацијата на Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на албанската коалиција Вреди, која е дел од Владата, во врска со веста за објавувањето на двата модела, кои ги разгледуваат меѓународните експерти и авторите на Охридскиот договор, ангажирани од ДУИ, објави ТВ 21.
– Интересно е како ДУИ по 22 години за прв пат денеска се сети какво би било територијалното решение соодветно за Македонија. ДУИ не доцни една, или две години, туку 22 години… ДУИ пропаѓа и во опозиција, објави Таравари на својот профил на Фејсбук.
ТВ21 објави дека меѓународни експерти и автори на Охридскиот договор, ангажирани од ДУИ, разгледуваат поделба на државата Македонија на региони според два модела: моделот на Белгија, или моделот на Северна Ирска, откако ДУИ го искажа своето незадоволство од „нарушувањето на волјата на народот“.