Атлетичарите на Соединетите Американски Држави покажаа врвна подготвеност и поставија нов светски рекорд во дисциплината 4х400 метри мешана штафета.
Тимот на САД ја мина патеката со време 3:07.41 минути во квалификациите и така обезбеди место во финалето, но и го подобри светскиот рекорд кој исто така беше во сопственост на оваа земја, а изнесуваше 3:08.20 минути.
Американската штафета на оваа трка ја сочинуваа Вернон Норвуд, Шамиер Литл, Брус Дедмон и Кејлин Браун.