Новак Ѓоковиќ е на чекор да го оствари својот сон да ја освои олимписката титула за првпат во кариерата, откако во полуфиналето над Италијанецот Лоренцо Музети со 6:4, 6:2 за час и 50 минути игра на централниот терен на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ сервираше 3 асови наспроти ниту еден за Италијанецот, а и двајцата имаат по 12 винери. Србинот беше поконцентриран и направи 23 неизнудени грешки наспроти 27 на Музети.
Ѓоковиќ в недела ќе се соочи со Карлос Алкараз во финалето на олимпискиот турнир. Ова е реприза на финалето на „Вимблдон“ неодамна, кое Шпанецот го доби убедливо со 3-0 во сетови.
Фото: Архива