Една жена и едно 11-годишно девојче се хоспитализирани денеска откако беа избодени со нож на плоштадот Лестер во центарот на Лондон, соопшти полицијата, при што го уапси напаѓачот во напад што не се верува дека е терористички.

„Полицајците се на местото на нападот со нож на плоштадот Лестер. Еден маж е уапсен и е во притвор“, соопшти лондонската полиција.

Две жртви, 11-годишно девојче и 34-годишна жена се пренесени во болница“, додаваат од полицијата.

Полицијата соопшти дека инцидентот на централниот лондонски плоштад, област популарна кај туристите, не се третира како тероризам, според Ројтерс.

Британските полициски сили остануваат во состојба на готовност по неколкудневните немири на почетокот на овој месец, предизвикани од лажните објави на интернет во кои погрешно се идентификува осомничениот убиец на три девојчиња во северна Англија како исламистички мигрант.