Парите од Царини, даноци и патарини со СДС и ДУИ, наместо во буџетот завршувале во приватни џебови, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Рекордна наплата на царини, даноци и патарини е реализирана во месец јули, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата и постави свои кадри на директорските позиции на овие управи и претпријатија.

И Царина и УЈП имаат рекордно собрани приходи од над 25.4 милијарди денари, а ЈП за државни патишта има над 16 милиони денари поголема реализација во јули оваа година во споредба со лани.

Очигледно е дека пари има. Разликата е што со СДС и ДУИ тие биле крадени, а сега наместо во приватни џебови завршуваат во буџетот.

Наскоро од денес граѓаните ќе ја видат разликата преку поголеми пензии, нови училишта, градинки, болници. А криминалците од СДС и ДУИ ќе одговараат за ограбената држава, стои во соопштението на партијата.