Денешниот руски напад врз Украина е најголемиот воздушен напад од почетокот на војната, изјави командантот на украинските воздухопловни сили, пренесува Ројтерс. Военото воздухопловство собори 102 од 127 руски ракети и 99 од 109 беспилотни летала, изјави Микола Олешчук.

Русија ја бомбардира Украина повеќе од две и пол години, а утринава изврши напади врз 15 региони.

Луѓето се криеја во метрото во Киев

Метрото во Киев беше преполно со луѓе кои се засолнија таму, бегајќи од руските дронови и проектили.