Крсте Шајноски, претседател на Советот за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), кој на оваа функција беше избран во 2019 година, е фатен во злоупотреба на службеното возило за приватни цели.
Имено, службениот автомобил „Шкода“ на Шајноски, кој во декември 2019 година беше избран на оваа функција од тогашната влада предводена од Зоран Заев и СДСМ, може да се види на фотографијата во приватната фитнес сала Synergy Fitness & Spa центар во Скопје.
Со користењето на службени возила за приватни цели, како што се патувања на викенди, лични посети или други активности кои не се поврзани со нивните службени обврски, се поставува прашањето дали ваквото користење е оправдано или претставува злоупотреба на јавните ресурси.
Во декември 2019 година, Собранието на предлог на Владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев, со 54 гласа „за“ и 22 „против“ го изгласа Крсте Шајноски за нов претседател на Советот за експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, со мандат од пет години, односно до декември годинава.