Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
-Американскиот народ и народот на … Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, … Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен.
Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај.
-Го цениме нашето силно партнерство со … Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.