Пекинг ќе преземе активни мерки за да го спречи распоредувањето на американски ракети со среден дострел во азиско-пацифичкиот регион, изјави генерал-полковникот на кинеската Народноослободителната војска, Хе Ли, на маргините на безбедносниот форум Ксианшан во Пекинг.
-Ракетите со среден дострел распоредени од САД претставуваат закана за безбедноста на земјите во азиско-пацифичкиот регион, рече генералот.
„Ние сме силно против оваа акција на САД и ќе преземеме силни мерки да го спречиме тоа“, додаде тој.
фото:МИА архива