СДС и ДУИ и во здравството гледале само бизнис, се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
За криминалните тендери на Венко Филипче јавноста е запознаена, но не само тој на централно ниво, туку така се однесувале лицата од СДС и ДУИ и по поединечни јавни здравствени установи.
Контролите спроведени од надлежни институции во јавните здравствени установи покажуваат огромен број на неправилности. Од контроли во 24 јавни здравствени установи неправилности се утврдени во 23 и тоа во делот на јавни набавки.
Оттука неправилности се констатирани во клиниките за Максилофацијална хирургија во Скопје, за Урологија, за радиологија за Нефрологија, за психијатрија, потоа во здравствените домови во Гостивар, во Ресен, во Струга, во Делчево, во Демир Хисар, во Велес, Пробиштип, како и во Клиничка болница во Тетово, во Институт за јавно здравје Скопје, во Општа болница во Струга, Општа болница во Струмица, Општа болница со проширена дејност во Дебар, Центар за јавно здравје во Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид.
Власта предводена од СДС наместо за пациентите и здравствениот персонал се грижела за местење тендери.
Одговорност ќе има за секое незаконско работење.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ