Фудбалерот на Ривер Плејт, Хуан Квинтеро, е прогласен за најдобар играч во реваншот од финалето на Купот Либертадорес против Бока Јуниорс (3:1).
Колумбиецот го постигна вториот гол за Ривер во 109.минута.
Натпреварот се одигра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ поради немирите што навивачите ги направија во Буенос Аирес.
Ривер Плејт по четврти пат во својата историја стана шампион на Јужна Америка.