Украина за првпат учествуваше во вежбата со беспилотни летала на НАТО, што се одржа од 10 до 20 септември во Холандија, соопшти прес-службата на алијансата.
Повеќе од 450 претставници од 19 земји на НАТО и три земји партнери учествуваа на годишната вежба, на која беше тестирана техничката интероперабилност на мерките за спротивставување на беспилотни летала.
-За првпат Украина учествува заедно со претставници на приватниот сектор и научната заедница, соопшти прес-службата на НАТО, додавајќи дека сојузниците тестирале повеќе од 60 системи и технологии како што се сензори, системи за водење беспилотни летала, заглавувачи и кибер-пресретнувачи.
Учеството на Украина е усогласено со Патоказот за иновативна соработка меѓу НАТО и Украина, одобрен на Самитот на Алијансата во Вашингтон.
фото: МИА архива