Деветчлено семејство загина денеска во израелско бомбардирање во Либан во близина на границата со Израел, соопштија денеска либанските власти.

Државна новинска агенција јави дека нападот се случил во текот на ноќта во градот Шеба.

Не беа објавени детали, а Израел не ја презеде одговорноста за нападот.

Околу 700 луѓе беа убиени во Либан само оваа недела во израелска офанзива од воздух врз таа земја, наводно насочена кон членови на Хезболах. Од тогаш, десетици илјади луѓе избегаа во Сирија.

Во текот на ноќта Израел ја бомбардираше Сирија во дел од нејзината граница со Либан, при што загинаа пет сириски војници, а многу други беа ранети, пренесува агенцијата.

Од друга страна, Тел Авив соопшти дека утринава биле пресретнати четири дронови од Либан, а врз Израел биле истрелани уште 10 проектили и не биле сите пресретнати, па еден човек е ранет од шрапнели. Хезболах тврди дека ракетите биле насочени кон градот Тиберијас.

Фото: МИА архива