Балкански културни средби е насловен ликовниот хепенинг, што вчера во организација на Националната установа Центар за култура Ацо Ѓорчев во Неготино, се реализираше во манастирскиот комплекс Св. Ѓорѓи.
Настанот беше поддржан од Министерството за култура и туризам.
– Насликани беа прекрасни дела во една извонредна атмосфера. Твореа реномирани уметници, кои долго време се бават со уметност и имаат зад себе оставено врвни дела. Илија Спасовски Чендо, Ќиро Јосифов, Горан Боев, Лазар Дојчинов, Ѓурѓица Андонова, Драгица Чекорова. Со ова уште еднаш се докажува долгогодишната соработка помеѓу уметниците од Неготино и Кавадарци, рече Виолета Стојановска, директорка на Центарот за култура.
Создадените дела ќе бидат претставени на претстојната изложба, во фоајето на Центарот за култура во Неготино.
Фото: Центар за култура Неготино