Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.

Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.

Тој на својот профил објави:

– Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, објави Николоски.