Синдикатот не може да даде оценка за првите 100 ден ана Владата додека не седнат на заедничка маса. Иако во првите 100 дена не се одржа Социо-економскиот совет, не отстапуваат од барањата за зголемување на минамалната, а со тоа и на останатите плати. Со сегашниот минималец, велат дека може да се купи само леб и вода.

„Сметаме дека 25 илјади работници кои примаат плата од 22.567 денари е некоректно, односно нечовечки да примаат како таква. Сметам дека 10 илјади работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една синдикална минимална кошница ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Едно од барањето на Сидникатот во првите 100 дена од новата власт беше зголемување на минималецот на 450 евра. Аргументи беа дека трошоците за живот постојано растат, а платите не стигнувааат ниту за нормална живеачка.