Високо ниво на штетни хемикалии е откриено во свежи пиперки од Албанија, при обид за увоз во Словенија, објави Европскиот систем за безбедност на храната.

Станува збор за пестицидите пиримифос-метил и форматанат, чија употреба е забранета на територијата на Европската Унија и некои други земји. Концентрацијата на пиримифос во пиперките била 44 пати поголем од дозволената концентрација, а форматанатот бил присутен во десетпати повисока концентрација.

Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и во Хрватска. Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот или на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми.

Ризикот по здравјето е сериозен, а во европскиот систем посочуваат дека не се знае какви мерки се преземени откако пристигнале наодите од примероците од пиперката, односно дали пратката била уништена на граница или вратена кај дистрибутерот.

Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на ензимот холинестераза кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт.