Актуелниот шампион Струга Трим Лум убедливо го победи Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ со 1-4. Шкендија и Гостивар ремизираа, па Работнички е сега на првата ппзиција на табелата откако ја победи Воска Спорт на гости со 0-2.
Шкендија одигра 0-0 на гости во Кратово против Силекс, Гостивар на домашен терен одигра 1-1 против Беса, а Работнички славеше со 0-2 на гости против Воска Спорт.
Шкупи со новиот тренер ја победи Брера со 3-1, а Пелистер и Тиквеш ремизираа без голови.