Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 10 часот и 07 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Неготино и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.