Првиот ден кога дојдов на работа како министер, ниту еден од хеликоптерите не беше во состојба да лета, иако во тој момент не зафатија огромни пожари, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој беше гостин во Тема на денот на Сител.
-Сега оперативни се 2 хеликоптери, тие се во мометот оперативни и тие два што се во Прага во една компанија, каде што треба да се сервисираат. И тука има пропусти во самиот договор, бидејќи претходното раководство не ја завршило целата процедура за да се заврши овој процес и навреме се направи целиот процес заокружен во Собранието, во Владата, да се направи анекс за наредниве месеци да стигнат уште два хеликоптери кои ќе бидат во исправност, потенцира Мисајловски и додава дека другиот дел од леталата се во многу лоша состојба, а најголем дел се дадени веќе и како донација.