Најмалку 20 луѓе се повредени во судир на локомотива и патнички воз во јужниот дел на Египет.

Судирот се случи во провинцијата Миња, 270 километри јужно од Каиро. По судирот два вагона паднале во блиската река.

Се испитува причината за железничката несреќа.

За еден месец тоа е втора железничка несреќа во Египет.

фото: МИА архива