Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ. Одамна е демаскирана коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ. Коалицијата Арсовска, СДС и ДУИ од свои лукративни причини го предизвикуваат уништувањето на Скопје. Сите кадри именувани од Арсовска се функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Арсовска е градоначалник и единствено одговорна за хаосот во Скопје. Арсовска е единица мерка за неспособност и криминал. Одамна стана јасно дека на Арсовска сите други и се криви само таа не е. Единствена работа која истата треба да ја работи е да го чисти ѓубрето од улиците и да има ефикасен јавен превоз, и овие две работи истата не може и е неспособна да ги прави. Арсовска треба што побрзо да си даде оставка и да ги спаси Скопјани од маките во кои самата ги втурна, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека има јасен план, програма и визија за развој на општините.

-Град Скопје и Општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти. Никогаш претходно немало во толку голем обем вложувања секаде и за сите како сега со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден, со превземањето на општините работат на проекти и нема населено место во кое не се работи на некој нов проект. ВМРО -ДПМНЕ има поинаков пристап, ВМРО-ДПМНЕ има план и проекти, неспособноста завршува со СДС и ДУИ, велат од партијата.