Четворица повредени и пренесени во болница е билансот од сообраќајната несреќа, што се случи вечерва на мостот Гоце Делчев во Скопје.

Се судриле две возила, шкода и бмв. По ударот, шкодата се превртела и се запалила. Целата сообраќајка се случила само неколку минути пред 21 часот.

МВР потврди дека во сообраќајката учествувале две возила, од кое едното се превртело и се запалило.

-На 15.10.2024 околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички центар Мајка Тереза за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време, а сега се одвива во една коловозна лента, информираат од МВР.