Бродот на италијанската морнарица „Либра“ денеска се закотви во албанското пристаниште Шеѓин за да ја донесе првата група од 16 мигранти пресретнати во меѓународните води.
Бродот го напушти пристаништето Лампедуза во понеделникот со 16 мажи – десет од Бангладеш и шест од Египет – кои беа спасени на море откако испловија од Либија, соопштија италијанските власти.
Минатата недела Италија официјално отвори два центри во Албанија, каде што планира да обработи илјадници баратели на азил надвор од нејзините граници.
Според петгодишниот договор потпишан во ноември минатата година од италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзиниот албански колега Еди Рама, секој месец во Албанија ќе бидат префрлани до 3.000 мигранти кои италијанската крајбрежна стража ќе ги прифаќа во меѓународните води.
фото: МИА архива