Пожарникари во германскиот град Верл одговориле на необичен итен случај откако се преполнила цистерна на локална компанија што произведува течно чоколадо, а чоколадна маса се излеала на улица.
– Еден тон чоколадо се излеа во двор, а потоа на улица, изјави портпарол на градската пожарникарска служба.
Улицата била затворена, а чоколадната маса разлеана по површина од околу 10 квадратни метри, со лопати ја собирале на една страна.
„И покрај инцидентот со кој на многумина им се скрши срцето, тешко е дека Верл ќе дочека без чоколада“, наведоа од пожарникарската служба.