Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, -како и за поддршката за Украина. Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата, истакна Мисајловски.