Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера рече дека изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за подготвеноста на Вашингтон да преговара со Русија за намалување на нуклеарното оружје без предуслови се „измама“.
„Повикот да се зборува за стратешка стабилност, за контрола на нуклеарното оружје без предуслови е измама. Што значи ‘без предуслови’? Тоа значи дека Американците го задржуваат правото да не прогласат за непријател во нивните доктринарни документи“, изјави Лавров за „Аргументи и факти“.
Бајден претходно изјави дека светот треба да се залага за целосно елиминирање на нуклеарниот арсенал, а ја потврди и подготвеноста на САД да преговараат со Русија, Кина и Северна Кореја во оваа насока.
Фото: Архива