Опозициската СДСМ вчера обзнани дека ќе предложат измени и дополнувања на законот за минималната плата да се покачи на 27 700 денари што претставува пораст од 12, 3 проценти.
Веста предизвика револт кај работниците. Главното прашање кое го поставија граѓаните е „Зошто тоа не го сторија додека беа на власт?“, алудирајќи дека потребни се повисоки плати со оглед на животниот стандард.
Со став се јави и активистката за заштита на работничките права Кристина Ампева.
– Јас да сум на нивно место, дека убаво е и лагодно во опозиција, ќе барам 1000 евра. Нема врска што до вчера беа на власт. Кога им давав предлози за покачување на платата по примерот на Црна Гора, не им се слушаше. Сега од оваа позиција, ќе глумат заштитници на правата на работниците. Ситни политички поени. Исти, сите. И едни и други и трети.