Поставувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ е личен избор на премиерот Христијан Мицкоски. Коалицискиот партнер Таравари ја потврдува во целост опасната партизација на АНБ.
Ова се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Дури и на оние на кои не им беше јасно сега им е кристално јасно сè. Поставувањето на Христовски на директорската позиција на АНБ е избор и директива на Мицкоски. Тој сака свој човек кој во целост ќе го контролира и ќе му служи само на него и на ДПМНЕ.
Мицкоски го враќа времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски и лични цели како што беше во минатото.
Затоа по секоја цена се турка партиски кадар – претседател на Градски комитет на ДПМНЕ, близок до Мицкоски, спротивно на член 10 од Законот за АНБ и со бројни сомнежи дали воопшто ги исполнува критериумите за оваа позиција.
Бојан Христовски во едно интревју самиот призна дека нема безбедносен сертификат „Државна тајна“ а барањето за ваков сертификат го поднел дури откако беше назначен на директорската позиција.
Се уште е отворено и прашањето дали Христовски воопшто има 5 години стаж на раководни позиции сигласно законските услови или не? Во неговата објавена биографија недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство од 2012 до 2017 година.
Не е потврдено ниту дали Христовски има вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик. Затоа што документот што го приложил е од училиште во Пловдив Бугарија а во Пловдив воопшто нема TOEFL центар за тестирање.
Ова се премногу спорни работи за вака важна позиција.
Затоа Христовски треба да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ.
Професионализмот мора да се заштити и АНБ да биде во функција на државните интереси, а не на интересите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ