Ако драстично се зголемат цените на прехранбените производи по одмрзнување на бруто профитната маржа, ќе се донесат поригорозни мерки најави министерот за економија Бесар Дурмиши, без да открие било какви детали.
На крајот на идната недела завршува владината мерка за есенската потрошувачка кошничка и на 73 производи кои се дел од неа им се одмрзнува бруто профитната маржи, но министерот верува дека трговците нема да ги покачат цените, со оглед на тоа што на сила е и законот за забрана на нефер трговски практики, со кој над 2 500 производи имаат огранична маржа до 10 %. Иако вели не сите производи кои се дел од кошничката се со намалени цени, Дурмиши уверува мерката дава резулатати цените на одредени производи се намалени за пет до десет отсто.
„Ако кога ќе завршува оваа мерка ако имаме драстично покачување на цените во наредниот месец, значи ќе донесеме поригорозни мерки … ние носевме одлуки за две мерки, за училишна кошница и за есенска потрошувачка кошница, ако ги земеме анализите на двете овие мерки значи доаѓа околу 3 000 денари поевтино на секое семејство….“ изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.
Од ССМ сметаат дека последната мерка не ги дала вистинските резултати бидејќи трговците ја изиграле. Уште еднаш денеска побараа вклучување на синдикатот при креирање на идните мерки но и зголемени контроли од Државниот пазарен инспекторат.
„За жал трговците го искористија периодот кога владата најавуваше дека ќе се донесе ваква мерка и што направија прво ги зголемија цените и синдикалната минимална кошничка во делот на растот на трошоците за храна и пијалаци беше зголемен за некаде околу 750 денари за септвмерви а сега за окотмоври е намален за 960 денари, што ќе каже дека трговците беа алчни и зголемените цени кои ги имаа во септври само ги намалија во октомври и останаа со ист профит…“- изјави Слободан Трендалифов од ССМ.
Со оглед на растот на трошоците за живот од синикадтот велат час поскоро надлежните треба да излезат со решение за раст на минималецот. Идната недела на владина седница треба да се најде предлог буџетот за следната година, а пред да се достави финалната верзија на предлог буџетот во Собрание, најавена е уште една седница на социо-економскиот.